Во Солун претставени можностите за инвестирање во Македонија

Можностите за инвестирање во Македонија пред учесниците на 79. Меѓународен трговски саем во Солун, ги презентираше Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

Како што соопштија од кабинетот на министерот Наумоф, ова е прва година, по една деценија отсуство Македонија да учествува со свој штанд на кој може да се добијат информации за македонската бизнис клима. На средба на министерот Наумоф со претседателот на Саемот, Тасос Дукас биле потврдени намерите за зацвтстување на билатералната соработка.

На саемот министерот одржал презентации пред бизнисмени од Украина, Бразил и Блискиот Исток, како и со истакнати грчки бизнисмени кои покажле интерес за инвестирање во Македонија.

Можностите за инвестирање во Македонија исто така биле презентирани и пред членовите на Асоцијацијата на бизнисмени во Грција, кои покажале интерес за посета на Македонија.

За време на посетата, министерот Наумоф остварил средба и со сопственикот на грчката компанија Харма Фруит, Христос Калесидес кој има инвестирано во Македонија, односно во Ресен во центар за пакување и складирање на овошје.