Жељко и Јована со свадбено луксузирање од 25 илјади евра

Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јована ги завршуваат подготовките за својата венчавка и крштевката на малиот Никола, кои треба да се одржат в недела.

Познатата двојка го кажа судбоносното „Да“ пред година и осум месеци на Малдивите, а сега имаат во план да се венчаат во црква.

За оваа прилика Јоксимовиќ и неговата избраничка издвоија 25 илјади евра. Се дознава дека парот поканил околу 200 гости во еден елитен белградски ресторан за кои се нарачани порции во вредност од 90 евра.

jovana-joksimovic-zeljko-joksimovic-1410208675-564611

– Јована и Жељко се одлучија за своите гости да го изберат само најдоброто. Доколку им се погоди времето, венчавката ќе биде одржана во прекрасната градина на ресторанот. Младенците се одлучија за шведска маса, на која покрај ладните предјадења ќе се најдат сите специјалитети од домашната кујна, сирења, јагнешко, свинско, мешано месо, морски плодови и ќе се служат најскапите вина и жестоки пијалаци, открива близок извор на парот за српски Курир.