Кочани: Девојче се обидело да се самоубие поради 10.000 денари

Малолетно девојче од Кочани се обидело да си го одземе животот откако испила поголема количина лекови.

14-годишното девојче се решило на ваков чекор бидејќи претходно нејзината мајка ја искарала, откако без дозвола потрошила 10.000 денари од нејзината кредитна картичка.

Девојчето, како што јавува штписката телевизија Стар, итно било префрлено во штипската болница каде лекарите успеале да и го спасат животот.

Истиот ден уште една жена се обидела да се самоубие со апчиња, но за среќе, не испила количина која може да биде фатална за нејзиното здравје.

Штипската телевизија јавува дека за 3 дена, во Штип и регионот се регистрирани дури 5 обиди за самоубиство.