Македонска експедиција замина на Јадранските игри во Хрватска

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ги испрати македонските претставници кои ќе земат прво учество на “Јадранските игри”. Тој им посака успешен дебитански настап со искрени желби македонскиот тим да се врати со едно од првите места.

“Јадрански игри” претставува проект кој се одвива во текот на летото со цел збогатување на спортско-туристичката понуда. Програмата се состои од тим, што ја претставува државата во традиционалните дисциплини на Јадранското Море.

Оддржувањето на проектот во првата и втората година, наиде на големо одушевување кај публиката, со што третата и четвртата година, овој проект на Јадранот ги исполни сите очекувања и целосно ја оправда титулата како најмасовен настан и најгледано ТВ-шоу во летото во регионот.

Петтото издание на “Јадранските игри” успеа да собере над 2.000 учесници од речиси 200 локации. Спортистите со турнејата посетија 36 локации по должината на Јадранскиот брег. Финалето оваа година ќе се одржи традиционално во Биоград(Хрватска), а новина оваа година претставува и учеството на две држави Босна и Херцеговина и Македонија.

Нaстапот на Македонија беше инициран и е под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.

Од организаторите со големо задоволство го најавуваат овогодинешниот настап на Македонија и БиХ каде очекуваат искуството од настапот да го пренесат во своите држави.Оваа година покрај Македонија и Бих, учество земаат домаќинот Хрватска, Црна Гора,Словенија и Италија.

Голема заинтересираност за “Јадранските игри” пројавија и други држави, кои се очекува од другата година да се прошират игрите со нивно учество. Голем број од медиумите од регионот ќе вршат директен пренос.