
Уште еден загинат македонски државјанин во борбите во Ирак.
Станува збор за Месуд Мусли (28) од Скопје кој завчера бил убиен во престрелка во градот Бастра, Ирак. Месуд Мусли е десеттиот македонски државјанин кој загина на боиштата во Сирија и Ирак, борејќи се на страната на џихадистите.
Неофицијално, тој бил следбеник на џихадистите и честопати престојувал во Германија.
Последен пат за Германија заминал на 26 април годинава и најверојатно оттаму им се придружил на џихадистите во Сирија и во Ирак.
Од МВР за Канал 5 велат дека по последното излегување на Мусли од земјава не е регистриран негов влез за назад.