
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, Мишо Николов и портпаролот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Тоше Јанев денеска ја посетија дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје во населбата Автокоманда, Општина Гази Баба.
– Оваа посета на Јавното сообраќајно претпријатие- Скопје е во рамки на кампањата за безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“, во која и официјално Градот Скопје се вклучува. За време на посетата на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје разговаравме со стручните лица вработени во ова претпријатие околу безбедноста на сообраќајот во Скопје, и пред се, со возачите кои се директно одговорни за безбедноста на патниците, кажа Трајановски.
Кампањата за безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“, се спроведува од страна на Владата на Република Македонија чија првенствена цел е да се влијае врз подигнување на свеста на граѓаните учесници во сообраќајот за почитување на пропишаните правила и прописи.
Причината за отпочнување на оваа кампања е потребата за подигнување на јавната свест, укажување на значителната бројка на жртви и повредени во сообраќајни незгоди, како и потребата од превенирање и укажување на последиците од несaкани незгоди во сообраќајот.
Оваа кампања се однесува и е насочена кон сите учесници во сообраќајот. Возачите, велосипедистите, пешаците.
“.