
Претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати на свеченото отворање на 35. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, со почеток во 20:00 часот во Домот на култура во Битола.
Годинешното 35. издание на фестивалот „Браќа Манаки”, што традиционално се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, е под мотото „Кон ѕвездите“.