Спа за слоновите, во Индија живеат како богови

На југот на Индија во регионот Керала, слоновите заземаат високо место на општествената скала и често се гледаат на традиционалните хинду фестивали.Тие се под заштита на храмовите, а еднаш годишно уживаат во посебна церемонија, која е наменета за нив.

Церемонијата се одржува секој јули, за време на сезоната на монсуни и традиционална хиндуистичка медицинска пракса попозната како Ајурведа.Слоновите лежат и уживаат, додека луѓето ги масираат со растенија и етерични масла, пружајќи им незаборавен третман.