
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, вторник, без електрична енергија ќе останат дел од жителите на општините Центар, Карпош, Бутел и Ѓорче Петров.
Ова се улиците каде ќе нема струја:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците: Шарски Одреди, Козара, Водњанска и Елисие Поповски. ( општина Центар)
– во периодот од 09.00 до 13.10 часот, дел од корисниците од улиците Виенска и Нобелова, како и корисниците од улиците Хелсинки и Мексичка. ( општина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците од улиците: Хо Ши Мин, Краишка, Натанаил Кучевишки, Кирил Манчев и Ѓорѓи Костовски. ( општина Бутел )
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од пат за село Орман. ( општина Ѓорче Петров )