Евакуирани 1.000 лица во шумските пожари во Калифорнија

Поради пожарите во текот на викендот, околу илјада лица се евакуирани од области во близина на националниот американски парк Јосемити во Калифорнија.

Огнената стихија која изби недалеку од островот Бас веќе уништи 130 хектари во рок од само неколку часа. Ниту еден од пожарите не е локализиран.

Противпожарните служби соопштија за евакуирани речиси илјада луѓе од околу 400 куќи и оти во гаснењето се вклучени 400 пожарникари.

Поради пожарите температурите во Калифорнија достигнаа 40 степени Целзиусови во текот на викендот.