
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја почне 15-та седница на која ќе го разгледа Предлог законот за задолжителни нафтени резерви.
Пратениците ќе расправаат за измените на Законот за производи од животинско потекло, на Законот за образование на возрасните, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, сите во прво читање.
На дневен ред се и измените на Законот за јавно здравје, како и други законски измени.