
Екипите на Хал и Вест Хем одиграа без победник 2:2 во последниот меч од четвртото коло од англиската Премиер лига.
Иако Хал на два пати водеше, гостите од Лондон успеваа да го израмнат резултатот.
Домаќините поведоа во 39-тата со голот на Ернандес, а израмни Валенсија со прекрасен гол во 50-тата минута.
Во 64-тата минута Дијаме му носи ново водство на Хал, но две минути подоцна капитенот на домаќините Дејвис ја затресе сопствената мрежа за конечни 2:2.