
Зошто да ги придржувате телефоните со раце додека се сликате за селфи кога тоа можете да го направите гламурозно и елегантно со помош на селфи шешир?
Овој апсурден изум настана во соработката на дизајнерот Кристијан Кауан Санлуис и компанијата Асер УК која дојде до идека да измисли шик гаџет кој ќе го олесни селфи фотографирањето.
Светкавиот шешир со широка стреја без никаков проблем се врти околу главата , па така таблетот прицврстен на него може да слика од сите агли.
Овој необичен розев шешир дизајнерот го претстави во своето излегување на Лондонската модна недела пред два дена, а дамите кои се заинтересирани за овој изум можат да се обратат кај дизајнерот и да се договорат за цена.