
По повод големиот успех на македонската кикбокс репрезентација на светското јуниорско-кадетско првенство во Римини,Италија, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за репрезентацијата.
Директорот Спасески им го честиташе големиот успех и истакна дека македонската кикбокс репрезентација веќе претставува сериозен учесник на сите големи меѓународни натпреварувања во сите категории и останатите држави гледаат со респект кон Македонија.
“Ми претставува огромна чест што лично можам да им ги честитам успесите и освоените бронзени медали на Бобан Илиоски во категоријата лоу кик и Хадис Рамадани во лоу кик категоријата до 67 килограми. Малку недостасуваше и Марија Божиновска да освои медал, но сепак сме задоволни и со освоеното петто место во категоријата лоу кик до 70 килограми. Можам да кажам дека Македонија има блескава иднина во кикбоксот и останатите репрезентации гледаат со респект кон нас – заврши Спасески.
Претседателот на Кикбокс федерацијата на Македонија Александра Неделковска заедно со репрезентативците се заблагодарија за приемот во домот на спортот и ветија дека ќе продолжат со успешните игри и дека ќе дадат се од себе, и наредното првенство да се вратат со повеќе медали.
Инаку,на светското јуниорско кадетско првенство кое се одржа во Римини настапија 64 земји од сите 5 континети со 2020 спортисти.