
Шестнаесет курдски села во северна Сирија под контрола на џихадисти од Исламската држава.
Ова е нивни најголем успех во освојувањето територии кон градот Ајн ел Араб на границата со Турција, изјави денеска курдски командант.
Џихадистите во нападите употребиле тешко оружје меѓу кои и тенкови.
И опозициската Организација за заштита на човекови права соопшти дека борци на Исламска држава почнале вчера напладне со напади и дека презеле контрола врз голем број села.
Најмалку едно беспилотно летало е регистрирано над подрачје под контрола на Исламска држава во сириската провинција Алепо од која екстремистите евакуирале голем број свои бази.