
На денешната седница, косовските пратениците не успеаа да ги надминат недоразбирањата и да изберат претседател и потпретседтели. Демокатската партија на Косово, на премиерот во заминување Хашим Тачи, за претседател на Парламентот го предложи Арсим Бајрами,за кого гласаа 44 пратеници, 61 беа протоив додека 11 воздржани.
Откако тој не го доби потребниот број гласови, највозарасната пратеничка, Флора Бровина, која ја води седницата, истата ја прекина без одредница. Од ДП, најавија дека тие повторно на наредната седница за претседател ќе го кандидираат Бајрами.
Од спротивниот табор(постизборната коалиција), во кој се Демократксиот сојуз на Косово, на Иса Мустафа, Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, Иницијативата за Косово, на Фатмир Лимај и Движењето “Самоопределување” на Албин Курти, најавија надминување на состојбата со демократски средства.
-Оној кој има повеќе пратеници тој и ќе избере претседател на Парламентот.Се зборува за нови предверемни избори, но тие немаат услови и нив да ги закажат. Парламентот е нефункционален, нема Влада која треба да се урне… Состојбата ќе се надмине врз основа на демократски правила, – изјави Насер Османи, пратеник од Демократскиот сојуз.
Обид да се кнситуира парламентот имаше и на 17 јули, кога за пртетседател беше избран Иса Мустафа, но Уставниот суд неговиот избор го оцени неуставен. Предвремените парламентарн и избори се одржаа на осми јуни.