Цементарница „Усје“ АД Скопје се вклучува во „Европската недела на мобилност“, која се одржува од 16 до 22 септември. Во рамките на оваа акција, чиј национален координатор е Министерството за животна средина и просторно планирање, се промовира одржлив начин на мобилност во урбаните средина, а целта е преку различни активности да се подобри здравјето на луѓето и да се заштити животната средина, преку намалено користење на автомобилите.
Во рамките на оваа активност, на 22 септември во Скопје ќе се одржи Велосипедска парада, која се организира на Денот без автомобили, во рамките на „Европската недела на мобилноста“. За овој настан „Усје“ донираше пет велосипеди, а вработените од компанијата и лично ќе учествуваат на Велосипедската парада. Вработените во компанијата, на 22 септември на своите работни места ќе дојдат без автомобил.
„Европската недела на мобилност“ се одржува традиционално со различни активности во повеќе градови. Велосипедската парада што ќе се одржи на 22 септември 2014 година под мотото „Наместо автомобилот можеме да го „вклучиме“ разумот“ е во должина од 8,2 километри и ќе стартува од Порта Македонија во Скопје, а ќе заврши во Градскиот парк.
Покрај Министерството за животна средина и просторно планирање, партнер на „Европската недела на мобилност“ е и Европската делегација во Република Македонија, ЕУ Инфо центарот и Градот Скопје.