
Данокот на доходот ќе биде намален или целосно укинат за девет милиони најсиромашни француски домаќинства, соопшти државниот секретар за буџет Кристиан Екер, објави МИА.
– Ќе предложиме реформа на скалата за даночење на приходите на граѓаните, како и условите под кои некое лице може воопшто да се даночи – рече Екер.
Планираните мерки за даночни олеснувања кои подразбираат намалување на данокот или целосно ослободување од него, ќе ја чини Франција околу 3 милијарди евра, кои ќе останат на располагање на најзагрозениот слој од француското население.