
Во паркот на Општина Ѓорче Петров, утре во 12 часот, , веднаш до кружниот тек на улицата Ѓорче Петров, ќе настапи Градскиот дувачки оркестар при МКЦ.
Градскиот дувачки оркестар ќе настапи по повод Денот на Општината Ѓорче Петров, а програмата ќе биде составена од популарни светски евергрин мелодии.