На Ли ја завршува кариерата

Кинеската тенисерка На Ли ќе и стави крај на својата професионална кариера, пренесуваат медиумите во оваа азиска земја.

Двократната освојувачка на Австралија Опен и Ролан Гарос ќе се збогува со тенисот, зошто веќе не може да се бори со повредите.

– Ќе се повлече од професионалниот тенис бидејќи веќе не може да се натпреварува поради физичката состојба – вели неименуван извор за телевизијцта ЦЦТВ-5.

32-годишната Ли во јануари по освојување на грен слем турнирот во Австралија дојде до втората позиција на ВТА листата, но не се натпреварува од јули годинава кога загуби на Вимблдон во третата рунда. Тенисерката од Вухан одлуката за своето повлекување официјално се очекува да ја објави во текот на утрешниот ден.