
Поради дефект на водоводна мрежа на булевар „3-та Македонска Бригада“, крак 3, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимениот булевар од 10:15 часот па се до санирање на дефектот.
Поради изведување на водоводен приклучок профил Ф-100 милиметри на улица „Салвадоре Аљенде“ бб, без водоснабдување ќе останат корисниците од улицата „Славејко Арсов“, високата зона во Пржино и резиденцијата на Република Турција од 10:30 часот па се до изведување на истиот.