
Британската фунта утринава порасна на двегодишен максимум спрема еврото, остварувајќи на тој начин скок во вредноста наспрема доларот, бидејќи прелиминарните резултати покажаа дека Шкотска останува во состав на Велика Британија.
Фунтата порасна на 1,6522 долари, на највиско ниво од почетокот на септември минатата година, додека спрема јенот порасна на шестогодишен максимум од 180,16 јени.
Изминатата недела фунтата се соочи со распродажба откако анкетите на јавното мислење покажа дека најголем дел од Шкотите се за напуштање на тривековниот сојуз со Велика Британија.
„Додека ги очекуваме конечните резултати од шкотскиот референдум, фунтата имплицира дека ќе победи таборот кој се заложува за останување на Шкотска во составот на Велика Британија,“ се наведува во соопштението на Националната банка на Австрија.