
Алекс Салмонд, првиот министер на Шкотска и лидер на Шкотската национална партија (СНП), Алекс Салмонд попладнево поднесе оставка.
Оставката прво ја соопшти неговата партија, затоа што тој се повлекува и од функцијата лидер на СНП, а потоа ја потврди и тој самиот на специјално одржана прес-конференција.
Соопштувајќи го заминувањето од врвот на шкотската политика, Салмонд рече дека оставката ја поднесува поради поразот на референдумот за независност. Тој рече дека по заминувањето од двете функции, ќе остане во политиката само како член на шкотскиот Парламент.