Сопственикот на „Телекабел“ е во затвор

Основачот на кабелскиот оператор „Телекабел“, Роберт Димитров, е во затвор. Од пред десетина дена е на извршување на казна затвор  од шест месеци, за инцидентот што го предизвика пред две години, кога го нападна синот на сопственикот на компанијата Нико Петрол, Мишко Николов, пренесе „Канал 77“.

Инцидентот се случил во Штипскиот мотел, каде што Николов ја однел поранешната девојка на Димитров. Тогаш заедно со неговиот телохранител влоегл во собата за да ја земе девојката, по што настанала расправија и тепачка. Кога Димитров со девојката излегувал од мотелот, патот му го попречил друг пријател на повредениот, кој исто така од осудениот добил силен удар по главата, по што паднал на земја. Со повреда на носот заврши и Мишко Николов, пишува „Канал 77“