
Најмалите се вклучија во акцијата „Засади дрво за мир“. Дечињата од градинката „Срничка“ засадија дрвца и се вклучија во светската кампања, на која ќе се приклучат повеќе од 5.000 училишта и градинки од 120 земји од целиот свет.
Садењето дрвја ги симболизира надежта и трајноста на животот.
На овој симболичен начин со садење дрвја се означи и 21-ви септември, Светскиот ден на мирот на Обединетите нации.
Настанот со садење дрвја во дворовите на градинките ги поврзува децата од целиот свет, насочувајќи ги кон прашања од областа на животната средина.
-Најважно е што ова акција го промовира образованието за мир и ја зголемува свесноста на децата и учениците за важноста на дрвјата и шумите во светски рамки, се вели во соопштението од општина Аердором.