„Епл“ побогат од 136 земји во светот

Технолошкиот гигант „Епл“ e светски бренд со најголема вредност според последните истражувања на Форбс.

„Епл“ вреди нешто повеќе од 600 милијарди американски долари. Од година во година вредноста се зголемува и го надминува БДП-то на многу земји ширум светот.

Според Форбс, годишната продажба на овој американски технолошки гигант надминува 170 милијарди долари, а оваа година се очекува дека тоа ќе биде многу повеќе, откако ги претставија двата нови „Ајфони“.

Според достапните инфрмации на Светската банка, 136 земји имаат помал БДП од „Епл“.

Меѓу нив се и земјите од поранешна Југославија, многу африкански земји, Украина, Еквадор, Парагвај, Куба, Либија, Бангладеш, Лаос, Шри Ланка.