
Франција соопшти дека не се плаши од заканите на Исламската држава во кои се повикува муслиманите да убиваат цивили.
Министерот за внатрешни работи, Бернард Казанеуве, денеска изјави дека „Франција е подготвена да одговори“ на заканите од Исламската држава и дека нивните сили се целосно мобилизирани.
Исламската држава ги повика своите поддржувачи да ги нападнат државјаните на САД, Франција и останатите земји кои се вклучени во борбата против оваа милитантна група.
Франција за 19-ти септември и се придружи на САД во воздушните напади против милитантите на ИСИЛ, кои контролираат големи територии во Ирак и Сирија.
Американскиот државен секретар, Џон Кери, изјави дека повеќе од 50 држави искажале подготвеност да учествуваат во Меѓународната коалиција против Исламската држава, вклучувајќи ги и Египет и Арапските држави.