
Околу 700 припадници на хрватската војска, полиција, Горската служба за спасување, пожарникарите, работници и населението близу Осијек успеаја да го одбранат местото од надојдената Драва.Во Осијечко-барањската жупанија во неделата попладнето биле упатени дополнителни 120 војници, за да го одбранат подрачјето Карашица од поплави, соопштија од Министерството за одбрана на Хрватска.
За време на викендот траела борбата со водата која се заканува да ги пробие насипите.
„Состојбата сега е стабилна, но не е достигнат најголемиот прогнозиран водостој кој се очекува вечерва.Дополнителен проблем е големиот притисок од сите страни на населенето место кое е опкружено со насипи, па овде и понатаму е насила максимална претпазливост иако ситуацијата моментно е под контрола,“ изјави осијечко-барањскиот жупан Владимир Шишљгиќ.
Во ова населено место константно се носат вреќи си песок со камионите на Хрватската војска.