
Речиси 100 илјади Курди од Сирија во последниве неколку дена пребегнале во Турција, бегајќи од војската на екстремистичката организација „Исламска држава“, соопшти денеска Високиот комесаријат на Обединетите Нации за бегалци (УНХЦР).
„Турската влада потврди дека бројот на Курди кои ја поминале турската граница изнесува 100 илјади“, изјави портпаролот на УНХЦР, Мелиса Флеминг.
Турција во саботата ја отвори границата за 4 илјади Курди кои побегнале од џихадистите на северот од Сирија.
Од почетокот на војната во Сирија во 2011 година, Турција примила 1,5 милиони беглаци и нејзиниот сместувачки капацитет веќе е преполнет и затоа бегалците се сместуваат на самата граница.