
Есента во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почнува утре во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата пак, ќе настапи пролетта.
Есента ќе трае до 22 декември во 00 часот и три минути кога календарски ќе почне зимата.
На првиот есенски ден, сонцето во Скопје ќе изгрее во шест часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. Денот ќе трае 12 часа и седум минути.
Врмето, според синоптичарите, ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со локален дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде осум, а максималната ќе достигне до 21 степен.