
Актерката Шерон Стоун, во неделата беше фотографирана како шета со своите синови Роан (14) и Квин (8).
Во моментот кога се забележани од репортерските камерите, актерката е облечена лежерно, а косата и е собрана со шарена шамија.
Шарон е видена како излегува на нејзиниот црн „кабрио“, а носи шик црна чанта која одговара на нејзиниот стил
Роан и Квин, кои Шарон ги усвои во 2000 и 2006 година, изгледаат исто така енергично. Постариот од двајцата носи црвена маица со натпис „ Бидете смирени, пливајте со делфини“ и бели шорцеви.
Квин е облечен со жолти панталони, но сепак, мора да се чувствувал малку топло поради неговите рунтави чизми.
Познатата дива, во едно од нејзините последни интервјуа открива дека во моментов „нема некој специјален во нејзиниот живот“, но и дека е „слободна за состаноци“.
Таа ја промовираше и својата хуманитарна организација „Шерити“, во која славни личности донираат дел од својата обека во „Мировен фонд“ наменет за Средниот Исток.