
Студениот бран кој го зафати целиот Балкан го донесе и првиот снег во Србија, БиХ, Косово, па и кај нас на Попова Шапка.
Иако денеска официјално започна есента, планинските села во Косово веќе имаат снежна прекривка. Исто така снег паднал и во селата кај Бајгора, подрачје на Косовска Митровица.
Врнежи од снег имало и на Копаоник во Србија и Јахорина во Босна и Херцеговина.