
Претседателот Ѓорѓе Иванов упати честитка до Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејската заедница во земјава, по повод еврејската Нова година.
Тој на членовите и припадниците на заедницата им посака празнични денови исполнети со благодет, среќа и радост.
– Прославувајќи ја еврејската Нова година, во претстојните денови Ви посакувам година на среќа, благосостојба и меѓусебно почитување. Почитувајќи ги културните и религиските разлики да продолжиме и понатаму заеднички да ја градиме нашата држава. Славејќи ја годината што следи, според еврејскиот обичај, се слави вистината и добрите дела, затоа повикувам сите заедно да ги славиме позитивните вредности кои нè зближуваат и нè поврзуваат. Верувам дека и во иднина, како и досега, припадниците на Еврејската заедница ќе даваат активен придонес во напредокот на нашата земја, пишува во честитката на Иванов.