Се поставуваат штандовите за „Штипска Пастрмалијада 2014“

Оваа недела е големото финале ! Штип е подготвен да пречека над 100.000 посетители од регионот и земјава, во пресрет на уникатната манифестација „Пастрмалијада 2014“ која од 25 до 27 септември ќе се оддржи на локацијата „Дујле“ во Штип. Од денес, започна и поставувањето на штандовите. Прв се поставува штандот на „Скопска пивара“ а во текот на утрешниот ден и останатите покровители на манифестацијата, како и продажните тезги каде ќе се продаваат пастрмајлиите, пренесува порталот „1.мк“.

На манифестацијата ќе учествуваат над 40.тина угостители од Штип, кои се подготвуваат за зголемен обем на работа. Освен оваа локација, за време на „Пастрмалијадата“ полни се и рестораните долж централното градско подрачје каде исто така продажбата на овој специјалитет е во пораст. Оваа година, се очекува поголема посета бидејќи за време на трите дена ќе има богата музичка програма со тојца главни гости.

pastrm0

– Во земјава има неколку фестивали на пивтото, на храната, на виното и други, но само една и единствена е манифестацијата „Штипска пастрмалијада“. Тоа ни дава за право да понудиме нешто уникатно и единствено и затоа очекуваме сите патишта за време на викендот да минуваат низ Штип. Така беше и лани а оваа година мислам дека ќе направиме и повеќе пастрмајлии но ќе имаме и над 100.000 гости – вели Драган Ристов, советник за односи со јавност за „1.мк“.

pastrm1

Во четврток, отворањето на манифестацијата ќе се случи со домашни поп и фолк изведувачи а главна пејачка атракција ќе биде Елена Ристеска. Во петок, на сцената кај Дујле, главен збор ќе има турбо-фолк изведувачот Аца Лукас а финалето е резервирано за сабота кога гостите ќе ги забавува балканската поп ѕвезда, Жељко Јоксимовиќ. Локалната самоуправа ги заокружува и градежните зафати со што оваа локација ќе прифати повеќе гости. Со, покривањето на каналот за одвод на атмосферска канализација се зголемува површината за гостите, се уредува и тротоарот а дополнително се средува и патеката во коритото на Брегалница, каде лани многу посетители уживаа јадејќи пастрмајлии во природен амбиент.