
САД и неколку други земји започнаа воздушни и ракетни напади врз џихадистите на „Исламската држава“ во Сирија, изјави американскиот адмирал Џон Кирби. Со ова, како што истакнува новинската агенција „Ројтерс“ отворен е нов, значително покомплициран фронт во борбата против екстремистите.
Заедно со САД во воздушните напади учевствуваат Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Бахреин и Катар изјави неименуван американски извор.На метa на нападите бил градот Рака, главното упориште на Исламската држава како и подрачјето на ирачко-сириската граница.
Државната сиријска телевизијајави дека САД го информирале за нападот сирискиот претставник во ОН.Според извештаите, веќе има десетина загинати и ранети екстремисти.Арапските сојузници во тие напади се од одгромна важност за кредибилитетит на кампањата предводена од САД.
Претседателот на САД, Барак Обама денеска патува во Њујорк каде што подоцна ќе се обрати на Генералното собрание на ОН.