
Се верува дека во текот на гранатирањето на Сирија е убиен Мухсин ал-Фадли, лидерот на терористичката организација “Корасан“, за која САД тврдат дека е поголема закана и од Исламската држава.
„Веруваме дека е мртов“ – стои во соопштението на официјалните лица од САД не наведувајќи повеќе детали.
Мухсин ал-Фадли, имал само 19 години кога Ал-Каеда ги изврши нападите во Њу Јорк 2001. година.
“Корасан” во Сирија е блиска до Ал-Нусра, огранизација од која пред повеќе од година се издвои Исламската држава.