
Дејвид Бекам (39) ќе се појави на насловната страна на магазинот AnOther кој во продажба ќе излезе утре. Поранешниот фудбалер ја краси насловната страна на 19-тото издание на овој магазин.
Магазинот се обиде да даде интимен портрет на Бекам кого го нарекуваат вистински пример за останатите. AnOther е магазин кој излегува два пати во годината и е наменет за машката и женската публика.
Бекам инаку неодамна беше актуелен преку соработката со брендот Belstaff за кој создаде колекција.