
Во Националната галерија Чифте Амам, вчера, Јована Цветановска, ученичка од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ доби високо признание – диплома за своето дело на Меѓународниот детски ликовен натпревар „Лидице 2014“ во Чешка.
Наградите беа доделени од амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Рамеш, по повод претстојните национални празници на Република Чешка.