
Според статистички податоци, во Србија секој ден инфаркт доживуваат 47 луѓе, од кои 15 го губат животот. Тој факт ја става државата меѓу водечките во Европа по број на заболени и починати од кардиоваскуларни болести.
Од 5.335 луѓе кои минатата година ги загубиле животите од акутен инфаркт на миокардот, дури 30 отсто биле под 65-годишна возраст, е истакнато на трибина одржана во Белград за кардиоваскуларните болести.
Во светот секоја година од кардиоваскуларни болести умираат повеќе од 17 милиони луѓе, а проценките се дека од таа болест во светот до 2030 година животот ќе го загубат дури 20 милиони луѓе.
Целта на светското здравство е со превенции да се намали смртноста од кардиоваскуларни болести до 2015 година за 20 отсто.