Британија утре ќе одлучува за воздушни напади врз ИД

Велика Британија би требало да се приклучи кон воздушните напади против милитантите на Исламската држава (ИД) во Ирак и поради тоа за утре е најавена вонредна седница во парламентот кој треба тоа да го одобри, изјави во Њујорк, британскиот премиер Дејвид Камерон.

Тој на Генералното собрание на Обединетите Нации додаде дека е правилно Велика Британија сега да прејде во нова фаза на акција.

Камерон наведе дека парламентаците утре ќе расправаат за давањето на поддрѓка на ирачката влада во борбата против екстремистите и коалицијата за спроведување на воздушни напади.

Претходно од „Даунинг Стрит“ соопштено е дека претседателот на парламентот се согласил со барањето да ги повика назад пратениците од пауза за да закаже вонредна седница.