
Екстремистите го држат во заложништво Британецот Алан Хенинг, а во понеделникот на неговата сопруга и испратиле снимка во која тој моли за живот, потврди британското Министерство за надворешни работи.
Од снимката која што е испратена на нејзина адреса, не може да се откријат никакви детали ниту дали е направена пред или по американските воздушни напади, врз позициите на припадниците на ИСИС.
-Аудио снимката на која Алан моли за својот живот ми е испратена само на мене. Меѓутоа Исламска држава не се согласува на отворен дијалог, за кој јас и луѓето кои ме застапуваат се залагаме -вели Барбара и додава дека маж и заминал во Сирија со цел да им однесе помош на своите пријатели муслимани.