
Ванчо Костадиновски, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе ја посети Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Свети Николе и ќе одржи средба со здружението на земјоделци „Овчеполски фармер“.
За време на посетата на Подрачната единица, ќе се разговара за потребите на земјоделците од овој регион.