
Марио Балотели на својот Инстаграм се пофали со новата фризура, направена специјално во пресрет на „Мерсисајд“ дербито против Евертон.
Натпреварот се игра во сабота со почеток во 13:45 часот, а Балотели во четвртокот го посети берберот и си направи нова фризура. Новиот имиџ е во чест на клубот од „Енфилд“, а златно-црните линии направени на главата ги претставуваат крилјата на птицата од Ливерпул, која ја има овој тим на своето лого, попозната како „Liver Bird“.