Познато е дека кога жените се незадоволни сакаат да променат нешто на себе, а обично прва на удар секогаш им е фризурата.
Дали поради раскинувањето на веридбата или причината е нешто друго, пејачката Бритни Спирс се одлучила на овој чекор и драстично ја скратила својата коса.
Со новиот изглед Спирс ги изненадил сите присутни на отворањето на нејзината нова продавница за долна облека во Германија.
Иако има само 32 години, со оваа фризура, модните критичари оценија дека ја прави многу постара и дека воопшто не и прилега.
Ниту тоа што носела елегантно бело одело и чипкаста секси кошула не можело да го одвлече вниманието на посетителите од прмената која ја направила.