Хрватски „Агрокор“ го презема словенечки „Меркатор“

За докапитализацијата на словенечки „Меркатор“ ќе се одлучува на вонредно собрание на акционерите на 21 октомври, со што хрватски „Агрокор“ би стекнал 88,1 отсто од сопственичкиот удел во тој синџир, пишува МИА.

Собранието ќе одлучува за конверзија на кредитите во износ од 200 милиони евра, кои „Агрокор“ му ги обезбеди на „Меркатор“ во рамки на договорот со банките за реструктуирање на долгот на словенечката компанија.

Во рамки на тоа, „Агрокор“ има право тој износ да го конвертира во основен капитал на „Меркатор“. Се работи за 2.325.582 нови акции, со што „Агрокор“ својот сопственички удел во „Меркатор“ ќе го зголеми на 88,1 отсто.