Малколм Јанг ја напушта групата АC/DC

Легендарниот рокер Малколм Јанг го напушта бендот AC/DC. на Основачот на австралиската хеви метал група нема да се врати во бендот, откако кон крајот на минатата година зема одмор поради болест.

– За жал, поради природата на состојбата на Малком, нема да се врти во бендот, пишува во соопштението.

Малколм Јанг (61) и неговиот брат Ангус, двајцата гитаристи, ја основаа АC/DC во 1973 година и го претворија бендот во еден од најуспешните на сите времиња.

Новиот албум на групата што ќе биде објавен во декември, ќе биде прв во 41-годишната историја на АC/DC каде нема да свири Малколм Јанг.

АC/DC идната година ќе оди на светска турнеја, а со бендот наместо Малколм ќе свири Стив Јанг, внукот на Малколм и Ангус.

Браќата Јанг се родени во Шкотска, но како деца со родителите се преселиле во Австралија.