Нежигосани дрва пронајдени кај струмичанец

Д.Ѓ. (22) од Струмица доби кривична пријава бидејќи во неговиот двор биле пронајдени нежигосани дрва.

Во неговиот двор полицијата затекнала 1,40 метри кубни букови дрва и 2,10 метри кубни дабови дрва, кои не биле жигосани и биле исечени од шума со која стопанисува ЈП Македонски шуми. За пронајдените исечени дрва, пријавениот не поседувал соодветна документација.

Од страна на шумска полиција дрвата се одземени и предадени се во складот на ЈП „Македонски шуми„ подружница ШС „Беласица„ Струмица.