
Ќе биде потребно намалување на бројот на вработени во јавниот сектор за 10 до 15 отсто во 2015 и 2016 година.Со тоа и зголемување на ДДВ за три до четири отсто, бидејќи планираните заштеди на Владата за 2015 не се доволни, оценува српскиот економист Милојко Арсиќ.
Со нив се согласил и членот на Фискалниот совет Никола Алтипармаков, кој наведе дека ако помалку се штеди на плати и пензии, алтернативата е зголемување на данокот.
„Предложените мерки за фискална консолидација ќе донесaт скромни заштеди, па намалувањето на бројот на вработени во јавниот сектор е извесно, а во 2015 и 2016 можно е бројот на работници да се намали за 10, максимум 15 отсто,“ изјави Милојко Арсиќ професор на Економскиот факултет.
Според последните податоци, според него, во јавниот сектор во Србија се вработени од 770 до 780 илјади лица со тоа што во државниот сектор работат од 540 ди 550 илјади, а во јавните претпријатија 230 до 240 илјади работници.
Потребно е како што вели Арсиќ да се намали партиското вработување, но и да се унапреди системот на напредување.
Во јавниот сектор вели тој, забележано е дека со годините не напредуваат најспособните, туку тие кои имаат партиска книшка, а застапен е и непотизам.