Продолжуваат воздушните напади врз Сирија

Нови воздушни удари беа нанесени од коалициски сили врз цели на Исламска држава во Ирак и Сирија, соопшти Пентагон.

– Воздушните удари ги нанесоа САД, Јордан, Саудиска Арабија и ОАЕ при што се уништени седум цели во Сирија, прецизираа од Командата на вооружените сили на САД.

Во Ирак беа извршени три напади југозападно од Ербил.

– Нанесени се удари врз аеродром под контрола на групата, врз гарнизон и тренинг-камп близу до градот Пака, се додава во соопштението.

Коалицијата за првпат гранатираше цели во централната сириска провинција Хомс, во зоната Ал Хамад.