
Македонија ќе биде дел од глобалната Недела на движење (МОVE WEEK 2014), годишен настан кој се организира ширум Европа, а ќе се одржи од денеска до 5 октомври.
Промовирање на придобивките од активно рекреирање и редовни физички и спортски активности низ Европа е целта на Неделата на движење.
Неделата на движење и Now we move кампањата се координирани од страна на Интернационалната асоцијација за спорт и Култура (ISCA) и Европската велосипедска федерација (ECF).
Координатор на активностите во Македонија е Граѓанската асоцијација за рекреативно движење – ГАРД.
Неделата на движење е финансиски поддржана и од Европската унија.